Телефони за контакт

+389 34 215 319 +389 75 500 502

Што е орална кандидијаза

Сигурно до сега сте слушнале за орална кандидијаза, но дали знаете што всушност значи тоа?

➡Орална кандидијаза е габична инфекција на оралната лигавица, предизвикана од габата Кандида (Candida Albicans).

➡Се јавува на слузокожата на образите, непцето, аглите на усните и јазикот, а се манифестира во вид на бели налепи (изглед на засирено млеко), кои тешко се отстрануваат од површината, откривајќи еритематозна површина која може и да крвари.

➡Оваа инфекција предизвикува болка при џвакање и голтање, а се јавува во акутна и хронична форма.

🟢Зошто се појавува?

➡Причина за појава на орална кандидијаза е нарушена природна рамнотежа на микроорганизмите кои нормално ги има во оралната празнина, најчесто при долготрајна администрација на антибиотици и при намален имунитет.

🟢Кој е најчесто засегнат?

➡Новороденчиња, стари изнемоштени лица, хронично болни, дијабетичари и онтолошки пациенти најчесто страдат од оваа инфекција, но и пациенти кои носат забни протези.

🟢Дали и како се лекува?

➡Не грижете се! Оралната кандидијаза има поволна прогноза при отстранување на директните причинители и примена на антимикотици (Нистатин), добра орална хигиена и намален внес на шеќери.

Закажете термин во Дентиција денес!

📍Деко Ковачев 95 А, Гевгелија.

☎️+389 75 500 502

Next Post

Закажете термин во Дентиција за сите ваши стоматолошки потреби

Scroll to top