Во нашата клиника Дентиција, зачувувањето на природната структура на забот е нашиот приоритет. Со новите технологии како AquaCare Twin, ние не само што третираме, туку инвестираме во иднината на вашата стоматолошка грижа.
Зошто ние го користиме AquaCare Twin?
Затоа што обезбедува минимално инвазивни техники овозможувајќи здрав и функционален заб кој трае подолго, задржувајќи ја својата сила и природна форма.
AquaCare ја подобрува јачината на адхезијата при лепењето на сите керамички изработки како ламинати, коронки, инлеи и онлеи. Исто така е погоден за различни стоматолошки интервенции, вклучувајќи реставративна стоматологија, чистење на супрагингивален и субгингивален камен, пескарење, десензибилизација, ендодонција, имплантологија, ортодонција, детска стоматологија, пародонтологија, третмани за реминерализација.
Во Дентиција, веруваме дека секој заб заслужува максимална грижа, а технологијата е наш сојузник во тоа.
На сликите погоре може да видете еден од многуте наши примери. Пациентка со површински кариес на долниот прв молар. Користејќи минимално инвазивна техника, успеавме да ја зачуваме што е можно повеќе структурата на забот.
Како го изведовме третманот?
Прв чекор – земавме отпечаток од оклузалната површина на забот, пред започнување на третманот, користејќи ја Stamp техниката.
Кариесот беше отстранет со употреба на уредот AquaCare Twin, кој користи воздушна абразија со пудрата 29μm Aluminium Oxide. Овој прецизен процес овозможува фино сечење и деконтаминација, без болка и без агресивни процедури.
Резултатот? Зачувана морфологија на забот и целосно безболен процес кој го прави пломбирањето удобно и ефикасно.
И ние го потврдуваме кажувањето на д-р Димитрис Цанактидис – “Разлика помеѓу користење било кој уред или AquaCare-Инвестиција во филозофија”
Повеќе информации за AquaCare Twin