Сигурно до сега сте слушнале за орална кандидијаза, но дали знаете што всушност значи тоа?
Орална кандидијаза е габична инфекција на оралната лигавица, предизвикана од габата Кандида (Candida Albicans).
Се јавува на слузокожата на образите, непцето, аглите на усните и јазикот, а се манифестира во вид на бели налепи (изглед на засирено млеко), кои тешко се отстрануваат од површината, откривајќи еритематозна површина која може и да крвари.
Оваа инфекција предизвикува болка при џвакање и голтање, а се јавува во акутна и хронична форма.
Зошто се појавува?
Причина за појава на орална кандидијаза е нарушена природна рамнотежа на микроорганизмите кои нормално ги има во оралната празнина, најчесто при долготрајна администрација на антибиотици и при намален имунитет.
Кој е најчесто засегнат?
Новороденчиња, стари изнемоштени лица, хронично болни, дијабетичари и онтолошки пациенти најчесто страдат од оваа инфекција, но и пациенти кои носат забни протези.
Дали и како се лекува?
Не грижете се! Оралната кандидијаза има поволна прогноза при отстранување на директните причинители и примена на антимикотици (Нистатин), добра орална хигиена и намален внес на шеќери.
Закажете термин во Дентиција денес!
Деко Ковачев 95 А, Гевгелија.
+389 75 500 502