Телефони за контакт

+389 34 215 319 +389 75 500 502

Уништени заби од газирани сокови

Како една навидум безопасна навика на пиење газирани сокови и енергетски напитоци може да придонесе да ги криете забите со рака секој пат кога ќе се насмевнете?

Белите, здрави и убаво наредени заби се еден од клучните фактори за привлечно лице. Освен хигиенските навики, она со што се храниме и што пиеме во голема мера може да влијае на здравјето на забите. Консумирањето на газирани сокови и енергетски напитоци знае да биде особено штетно за забите.

Како влијаат газираните сокови на забите?

Киселините од овие пијалаци го раствораат минералниот дел од забот, што доведува до неповратна загуба на тврдите забни ткива. Практично се троши најбелиот, најтранспарентниот и најцврстиот дел од забот, кој потемнува и му се менува формата. Овие пијалаци најчесто во себе содржат повеќе типови на киселини како лимонска, фосфорна, јаглеродна итн, што го потенцира нивното разорно дејство врз забите. Имаат висока содржина на шеќери, што делува стимулативно на појавата на кариес. Кога еднаш ќе се изгуби забниот емајл, кариогените бактерии добиваат пристап до дентинот, кој има помала содржина на минерали, а поголема на органски супстанции. Целиот процес на хемиско оштетување на забот и напредувањето па кариозните процеси добива на интензитет. Крајниот резултат е болка и афектираност на забната пулпа. Ефектот од консумирање вакви пијалаци секако зависи од испиената количина и фреквенција.

Навиката секојдневно и постојано да се пијат газирани и шеќерни пијалаци е најштетна и најразорно дејствува врз забите.
Ви прикажуваме случај на пациент на возраст од 23 години, третиран во нашата клиника. Како и многу млади, и тој има лоша навика на секојдневно консумирање на газирани сокови и енергетски пијалаци, што резултирало до многу оштетени заби. Кај него беа направени композитни реставрации, ендодонтска терапија и безметални коронки. Пациентот повторно може да се смее слободно, без да има потреба да ги крие забите.
Но трајно менување на неговата навика секојдневно и целовремено да пие зашеќерени пијалаци е предуслов за трајност на новата насмевка.

Закажете термин за консултација во Дентиција.

Previous Post

Трансформација: Од хронична напредна пародонтопатија до блескава насмевка

Next Post

Неверојатна трансформација на прекрасната Ангела

Scroll to top